Македонија
1. April 2021 - 14:17

Дечињата од градинката "Светот на Колорес" шетаа маскирани во безвременскиот цртан филм "101 далматинец"

Денот на шегата, 1ви април оваа година доби нова димензија и си го оправда мислењето помеѓу народот дека важи за највесел и најсмешен ден во годината. Низ улиците на Карпош, дечињата од градинката "Светот на Колорес" шетаа маскирани во безвременскиот цртан филм "101 далматинец" и го разубавија денот на сите случајни минувачи со своите креативни костими, со насмeаните и весели лица и секако со својата уникатност.

Додека шетаа со своите воспитувачки, дечињата не можеа да ја скријат својата гордост дека навистина се центар на вниманието, па весело и гласно не поздравуваа и ни посакаа убав ден. Им благодариме на овие дечиња кои ни го разубавија денот и не потсетија колку малку е потребно за среќа, а на тимот на градинката им посакуваме успешна работа и го поздравуваме овој проект кој несомнено е позитива на денот!