Дебата за реформата на Управата за безбедност и контразузнавање
Во организација на Факултетот за безбедност-Скопје, денеска ќе се одржи научно-стручна расправа на тема „Реформи на Управата за безбедност и контразузнавање“.
На настанот обраќање ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски, директорот на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов, професори од Факултетот за безбедност-Скопје, академската заедница како и претставници од државните институции од областа на безбедноста и разузнавањето, судството, обвинителството, финансиската полиција, финансиското разузнавање и други.
Целта на научно-стручната дебата е да се разгледаат моделите за реформа и трансформација на УБК и да се придонесе за успешно завршување на процесите на реформа на безбедносниот систем во функција на донесување одржливи законски решенија, владеење на правото и почитување на човековите слободи и права кои се наоѓаат високо на европската агенда на Република Македонија поддржана од институциите на ЕУ, наведуваат организаторите.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени