Дебата за контролата врз следењето на комуникациите
Во Скопје денеска ќе се одржи дебата за предложените реформи на МВР и надзорните механизми за контрола врз следењето на комуникациите, од страна на работната група за Контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање.
На дебатата ќе зборуваат претставници на граѓанските организации кои учествуваат во работната група и претставници од МВР, а поканети се и пратеници од Собранието на РМ, членови на Комисијата за надзор над работата на управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, односно Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.
Работната група за Контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање од документот Предлог за итни демократски реформи ја сочинуваат - ЕВРОТИНК - Центар за европски стратегии, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Аналитика тинк-тенк, Асоцијација за развојни иницијативи ЗЕНИТ, Форум за истражување на безбедносните политики „Секуритас“ и проф. д-р Трпе Стојановски.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски