Дебата за безбедносниот систем и справувањето со кризи
Дебата на тема „Функционирањето на безбедносниот систем на Република Македонија во кризна и сложена безбедносна состојба-Менаџирање и справување со кризи“ ќе се одржи денеска во организација на Факултетот за безбедност-Скопје.
Целта е да се утврдат евентуалните критични области во безбедносниот систем на Република Македонија во кои се потребни елементи за позитивна промена, меѓу другото и во делот на кризниот менаџмент и заштита и спасување.
На научниот собир, според најавата од факултетот, се очекува да се актуелизира расправата за генералното функционирање на системот за рано предупредување и справување со ризиците од кризи и катастрофи како составен дел на безбедносниот систем на Република Македонија.
На отворањето на дебата најавено е обраќање на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ќе учествуваат и претставници од академската заедница и од безбедносните институции во земјата.
Ново на Сител
-
Успешно родени 33 жаби-младенчиња од загрозен вид во Лондон
-
Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар
-
Турција ќе прифати 15 Палестинци ослободени од израелските затвори
-
Утре без вода Нерези и Тафталиџе
-
Трамп сака украински минерали во замена за континуирана помош
-
Јануари 2025 просечно топол месец и многу сув
-
Го фатиле како продава половина грам кокаин за 2500 денари, при претрес му пронашле уште 17 грама
-
Почувствуван земјотрес во Штип и околината