Дебарско Езеро преполно од капачи
Брегот на Дебарското Езеро, посебно кај градската плажа денеска беше преполно од капачи.
По слободна проценка се разладуваа и рекреираа над илјадa, главно млади.
Во овој еден од најубавите делови во градот заедно со неговите жители пријатни мигови минуваат и гости од други делови на државава, кои по роднинска или пријателска линија, престојуваат во градот, како и деца на нашинците од повеќе западно европски земји, главно од Италија, Германија и Луксембург.
Присутните имаат можност и да се освежат со по некој пијалак, но и да испијат кафе, да замезат или ручаат во повеќето кафулиња. Сопствениците пред секое од нив ги имаат уредено и плажите. За случајните или намерни патници, кои тука ќе одлучат да останат и повеќе од еден ден во непосредна близина се наоѓа и новоизградениот хотел „Леон“ кој нуди услуги со највисок квалитет.
Што се однесува до безбедноста на капачите за тоа се грижи екипата спасувачи на вода, која ја сочинуваат шест момчиња, кои како и ланското лето се лоцирани на две локации на градската плажа.
По повеќе од една деценија, по првпат спасувачи на вода на дебарската плажа имаше ланското лето,б лагодарение на финансиската подршка на татковинското друштво „Дибра“ на дебарчани во САД, кои и годинава издвојуваат финасиски средства за оваа цел.
Во летните жештини, долж брегот, почнувајќи од селото Долно Косоврасти до месноста „Три чешми“ (Манастирец) има повеќе стотици а за време на викенд и неколку илјади капачи, но и рекреативни риболовци, кои не се само локални жители туку и од други градови во Македонија но и од Косово.
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец