Дебарската полиција откри двајца илегални мигранти од Палестина
Припадниците на дебарската полициска станица од општа надлежност откриле двајца илегални мигранти во возило со скопски регистарски таблички.
– Станува збор за лицата Л.А.(17) и М.Х.(21), двајцата од Палестина. Полициските службеници,при рутинска контрола во три часот по полноќ, ги затекнала во такси возило марка „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки на улицата „8-ми септември“ во Дебар. Лицата се приведени и се превземаат мерки за целосно расветлување на случајот, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него приведените лица со себе немале документи за идентификација и незаконски престојувале во Република Македонија.
Двајцата Палестинци,повеќе од сигурно е дека преку Дебар минувале само транзит. Нивната цел била да ја минат македонско-албанската граница и трнзит преку Албанија да заминат кон некоја од западно европските земји.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден