Loading Video...
Кошарка
25. November 2022 - 15:54

Дебакл на македонските кошаркарки со гостувањето кај Белгија пораз со 71 поен разлика

Дебакл е најблагиот збор со кој може да го опишеме настапот на женската сениорска репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП во 2023 година. 
 
На гостувањето кај Белгија нашите кошаркарки претрпеа тежок пораз изразен со дури 71 поен разлика односно 112-41.
 
По натпреварот селекторот Ашаданов ќе рече „Ова е би рекол сурова реалност“. И да не е далеку од вистината, за која има голем број на причини. 
 
Фактографски, само ќе најавиме дека следниот противник е Германија во недела во СЦ Кале, селекција која вчеравечер ја совлада БиХ со 39 поени разлика, а од која нашите кошаркарки во меѓусебниот дуел одигран лани загубија со 28 поени разлика 73:41.