Давидовиќ: Истекува рокот за обвинителен акт за настаните во Собранието од 27 април
Звонко Давидовиќ адвокат на еден од обвинетите за настаните во Собранието од 27 април минатата година, изјави дека очекува деновиве да биде објавен обвинителниот акт за овој предмет, бидејќи веќе истекува рокот.
Според него, преостануваат десетина дена. Давидовиќ потврди и дека добиле еден дел од доказите.
Во однос на одлуката на Врховниот суд за притворените пратеници и другите осомничени за настаните во Собранието од 27 април, рече дека се уште нема информација за тоа дали Судот донел одлука и се пожали дека во овој случај се пробиени сите рокови.
- За жал тоа е начинот на кој функционира судството веќе подолго време. Ние како бранители, а и осомничените некој пат дознаваме од средствата за јавно информирање, кои се поинформирани. Тоа го покажува односот на судството и почитување на законот и роковите. Ги пробија сите рокови, а се работи за најтешката мерка, вели Давидовиќ, кој е бранител на еден од обвинетите, во изјава за медиумите пред одржувањето на дебата на ФОН за „Демократска контрола над работењето на институциите на безбедносниот сектор - потреба и предизвици”.
Претседателот на Врховниот суд на РМ Јово Вангеловски порано денеска за МИА изјави дека очекува во текот на денов да биде објавена одлуката по жалбите за притворите на пратениците.
Врховниот суд требаше решението за жалбите на притиворените да ја донесе минатиот четврток. Според претседателот на Врховниот суд, Вангеловски, судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да се очекува да има брза одлука.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
