Давид го знае цела поранешна Југославија: Еве како изгледа денес слаткото бебе од Бекутан
Ретки се семејствата во поранешна Југославија во чиј дома не влегол барем еден производ на најпознатиот бренд на детската козметика Бекутан.
Од нивните шампони, сапуни, влажни марамчиња, пасти за заби или пелени гледа преслатко бебе.
Тоа бебе, кое повеќе од деценија плени со својот изглед е Давид Галевски од Скопје. Бебето во меѓувреме пораснало во заводливо момче, но и ден денес му останал надимакот Давид Бекутан.
Изборот неговиот лик да го краси брендот на детската козметика Бекутан бил сосема случаен.
Давид во 1999. година бил избран за најубаво бебе од тогашниот магазин Практична жена, а таа фотографија како што кажал неговиот татко Крсте Галевски за вест, ја виделе луѓе од Алкалоид и одлучиле тој да биде заштитно лице на нивните производи.
Фотографијата е направена во неговиот дом, кога Давид имал 10 месеци, чекал неговата мајка да го облече по вечерното бањање. Неговиот лик најпрво се нашол на рекламен постер, а потоа на сите производи на детската козметика.
Давид денес е средношколец, но и понатаму е омилен и популарен кај неговите врсници кои како и он пораснале со производите на детската козметика.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување