-->
-->
Дауни Џуниор размислува да се откаже од улогата во „Железниот Човек“
-->
Американскиот актер Роберт Дауни Џуниор, кој последниве неколку години е најпознат по својата улога на супер-херојот Ајронмен (Железниот Човек) во истоимениот филм и во неколку други спин-оф продолженија, најави дека размислува да се откаже од толкувањето на тој лик, пред луѓето да се презаситат од него.
- Сите ми велат дека оваа улога „ми легна“ совршено, но секогаш морам да ја почнам работата од самиот почеток... А, тоа некако се врти во круг, изјави Дауни за „Њуз Корп Аустралијан Нетворк“.
Инаку, глумецот повторно ќе го видиме во софистицираниот железен костим уште оваа година во филмот „Спајдермен се враќа дома“, како и во третиот дел на „Одмаздници“, кој се уште се снима.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс