Данска ќе обучува украински пилоти Ф-16 откако таков потег одобрија САД
Данска ќе помогне во обуката на украински пилоти за борбениот авион Ф-16 од американско производство, изјави денеска министерот за одбрана на таа држава, откако Вашингтон објави дека ќе ги поддржи напорите за обука на пилоти на Киев.
-Скандинавската земја „сега ќе може да продолжи напред за колективен придонес за обука на украински пилоти да летаат со Ф-16, изјави вршителот на должноста министер за одбрана на Данска, Троелс Лунд Поулсен.
Претходно Велика Британија ја поздрави потегот на САД за обука на пилоти за тој тип авиони.
Британскиот премиер Риши Сунак ја поздрави најавата на Вашингтон во објава на Твитер
„Добредојдена е најавата дека САД ќе одобрат обука на украински пилоти за борбени авиони Ф-16. Обединетото Кралство ќе работи заедно со САД и Холандија, Белгија и Данска за Украина да ја добие потребната борбена способност во воздух“, напиша Сунак на Твитер.
Ново на Сител
-
Лишена од слобода скопјанка барана со потерница
-
Владата на Косово го забрани Тик Ток во јавните институции
-
Хрватска смета дека е неприфатлива одлуката на Црна Гора да ја донесе Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац
-
Поради градежни активности изменет режим на сообраќај во дел од Општина Аеродром
-
ЕУ ги дополни листите на санкционирани за поддршка на агресијата врз Украина
-
Пет лица загинаа во напад со дрон во руската област Курск
-
Единствениот реформски кандидат води на претседателските избори во Иран
-
Состојба на патиштатa