Даниловски: Доаѓа нов бран, не ми е јасно зошто при таква закана нашите власти ги релаксираат мерките
Доаѓа нов бран во Македонија, зголемените бројки на заразени се почеток на есенско зимски бран, изјави епидемиологот Драган Даниловски, за ТВ 24.
Според него поради непочитување на здравствените мерки и протоколи на кампањите може дополнително да ја зголеми бројката на заразени.
-Доаѓа нов бран во Македонија. Она што се случува со соседните земји ние веќе го поминавме. Ние малку побрзавме во тој летно есенски бран. Ова сега што се случува е почеток на есенско зимски бран. Нивото на имунист на нашето населнеие мислам дека е преку 60 може и 70 остсто. Со заладување на времето сите средби се внатре на затворено. Во предизборнита кампања никој не почитуваше мерки. Сето тоа дополнитело резултира со почеток на нови заболени. Овој експоненцијален раст подразбира постепено забрзување на бројките и тенденција за удвојување на бројките. Во таква една извесност во која сме, мене ми е нејасно зошто при таква закана наместо да останат или да се устрожнат мерките нашиве власти ги релаксираат мерките. Во однос на вакциналните сертификати сметам дека наместо пасоши за вакцинирани, потребни се пасоши за имуност, вели Даниловски.
Ново на Сител
-
Поради дефект без вода делови од Ченто
-
Обид за убиство Струга, едното лице го бодело оштетениот со нож во стомак и врат, другото лице довикувало да го „доврши“
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 314 за брзо возење
-
Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума
-
Премиерот Мицкоски на поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија во Скопје
-
ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола
-
Првиот клуб на починатиот фудбалер Жота ќе користи дрес со неговиот лик
-
Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер