Даниела Рангелова поднесе оставка на функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ
Даниела Рангелова поднесе оставка на функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
-Почитувани членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ,
Најпрво сакам Вас да Ве информирам дека и покрај предлогот на претседателот Христијан Мицкоски да останам да ја водам Унијата на жени до крајот на мојот мандат кој што изминува за една година, јас сепак донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка на функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката ја поднесувам поради очигледните несогласувања со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Јас неможам да прифатам да бидам дел од ова раководство на ВМРО кое ја однесе партијата во изолација, кое со своите политики базирани на неискреност, сплеткарење и продуцирање на кавги помеѓу нас внатре во партијата, успеа по принципот раздели па владеј, дополнително да го подели македонското национално ткиво и да внесе неприфатливо ниво на омраза помеѓу македонците но и помеѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Не, јас неможам да прифатам да бидал дел од расипани, токсични игри водени од амбицијата да се нахранат неколку суети. Да имаш амбиција е позитивно, но да бидеш спремен да газиш преку живи луѓе само за да си го задоволиш сопственото его и желбата за моќ, за мене е неприфатливо.
Почитувани членки на Унијата на жени,
Моето срце и душа секогаш ќе остане со Вас, искрените и храбри членки на Унијата на жени, жени лидери со кои донесовме многу победи за партијата и со кои придонесувавме за подобро општество. Наметнавме позитивни стандарди во политиката, докажавме дека жените можат да водат и креираат политики. Заедно ја издигнавме Унијата на жени многу високо. Ние жените сме докажале многу пати дека сме храбри и посветени, дека знаеме да се бориме и избориме. Ќе успееме и сега! И ова ќе помине..
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Македонија!, пишува Рангелова на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО