Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија

Република Чешка и Република Словенија испраќаат меѓународна помош за справување со активните пожари што беснеат во повеќе региони во државата. Помошта вклучува хеликоптер за гаснење пожари од Чешка и тим од 50 словенечки пожарникари со специјализирана опрема, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
-Предмалку добивме понуда за помош со еден голем хеликоптер од страна на Република Чешка, истата веднаш ја прифативме. Хеликоптерот утре наутро ќе полета и во текот на утрешниот ден ќе биде на скопскиот аеродром, а веднаш потоа ќе биде упатен онаму каде што ќе биде најпотребен. Исто така, во денешниот ден добивме понуда за помош од страна на Словенија, со 50 пожарникари со специјални возила за гаснење на шумски пожари, ја прифативме и оваа помош. Словенците ќе тргнат утре околу пладне, а утревечер доцна во ноќта ќе бидат пристигнати во Берово, каде што ќе бидат сместени и ќе дадат поддршка на беровските пожарникари и другите служби кои што учествуваат во гаснењето на големиот пожар на планината Готен од беровската страна, изјави Ангелов.
Тој додаде дека вечерва во 21 часот е закажана седница на Кризниот штаб во Берово.
Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои десет се активни, пет се ставени под контрола, а пет се изгаснати.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави можни врнежи од дожд во текот на вечерта и ноќта во североисточните и источните делови на државата, кои би можеле да придонесат кон стабилизирање на состојбата на терен.
МИА
Ново на Сител
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
-

Почна судењето на штипскиот угостител Зарков, кој е обвинет за убиство на неговата мајка
