Даниел се обесил бидејќи другарите го измачувале: Кога полицијата го прочитала прошталното писмо, ги привела сите професори!
Тринаесетгодишното момче Даниел Фицпатрик од Лонг Ајленд си го одзело животот во четвртокот, поради малтретирањето кое го трпело од школските другари
о прошталното писмо кое тинејџерот го оставил се наведува дека неговите другари од Католичката академија „Свети ангели“ го нарекувале со погрдни имиња и не сакале да комуницираат со него.
- Се предавам, напишал во тоа писмо, нагласувајќи дека ниту професорите во школото не реагирале на нивното насилство, велејќи му дека „се ќе биде во ред“.
Родителите на Даниел сметаат дека училиштето било должно да реагира на случувањата.
- Сметал дека цело училиште знаело што му се случува, но сите му се смееле зад грб. Се чувствувал понижено, велат родителите кои во четвртокот го пронашле Даниел обесен во семејниот дом.
Таткото на детето на својот профил на Фејсбук објавил видео, во кое изразува благодарност за сите зборови за утеха кои му ги пружале непознати луѓе, а со цел на ниту еден родител веќе да не му се случи да го погреба своето дете поради насилство од другарите.
Полицијата ги привела професорите како би открила дали тие навистина знаеле за насилството.
Ново на Сител
-
Трамп сака украински минерали во замена за континуирана помош
-
Јануари 2025 просечно топол месец и многу сув
-
Истрага против дилер на кокаин во Штип
-
Почувствуван земјотрес во Штип и околината
-
Роналдо: Не сум јас виновен што сум најпознат и најпопуларен, бројките не лажат
-
Карлсен го повика претседателот на ФИДЕ да поднесе оставка
-
Мексико: Уапсен злогласниот „Ел Рики“ – вториот човек на картелот Норсете
-
Средба на министерот Тошковски со норвешката амбасадор Кристин Мелсом