Loading Video...
Спорт плус
12. January 2020 - 15:50

Даниел Јул ја израдува швајцарската публика во Аделбоден

На задоволство на домашната публика во швајцарскиот ски-центар Аделбоден, Даниел Јул триумфираше во слаломската трка од Светскиот куп. 
 
Швајцарецот по двете трки оствари 23.стотинки побрзо време од Норвежанецот, Хенрик Кристоресен односно 28.стотинки од трето пласираниот Марко Шварц од Австрија. 
 
Сепак Кристоферсон остана лидер во поредокот во слалом со 32 бода повеќе од денешниот победник Јул, додека во Севкупниот генерален пласман Норвежанецот ја зголеми предноста на 78 бодови во однос на второ пласираниот Алекс Пинтуро откако Французинот денеска заврши на осмото место.