„Данас“: Претседателските избори во Србија ќе се одржат на 2 април
Редовните претседателски избори во Србија најверојатно ќе се одржат на 2 април, објави електронското издание на весникот „Данас“ повикувајќи се на неименувани извори во Кабинетот на српскиот премиер Александар Вучиќ.
Според истите извори, претседателката на српското Собрание, Маја Гојковиќ в четврток ќе го објави 2 април како датум за одржување на изборите. Согласно законот, краен рок за распишување на изборите е токму четврток 2 март.
- Тоа ќе значи дека доколку има втор круг од изборите, тој би се одржал на 16 април, односно на Великден, наведува „Данас“.
Српските медиуми изминативе недели шпекулираа за можноста заедно со претседателските во Србија да се одржат и предвремени парламентрани избори, но Вучиќ вчера ја отфрли таквата можност.
- Не постојат никакви причини за одржување предвремени парламентарни избори, порача Вучиќ, кој е кандидат за преседател на Србија на владејачката коалиција предводена од неговата Српска напредна партија (СНС).
Според анкетите на јавното мислење, Вучиќ би можел да биде избран за претседател уште во првиот круг, имајќи дека ужива поддршка на нешто над 50 проценти од гласачите.
Ново на Сител
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“