-->
-->
Дамчевска: Неспособноста на СДС во здравството е фатална, а црниот биланс на Детската клиника постојано се зголемува
-->
Владата на СДС продолжува да создава хаос во здравството. Неспособноста на СДС во здравството е фатална, а црниот биланс на Детската клиника постојано се зголемува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Јасмина Дамчевска од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека СДСМ е одговорен за уште едно починато дете на Клиниката за детски болести во Скопје.
-Поради неодговорните и нестручни раководни кадри на СДС во Министерството за здравство и на Клиниката, уште еден детски живот заврши трагично. Веќе четири месеци откако е на власт, СДС не ја отвора новата интензивна нега на Детска клиника која е одамна готова. Заменик министерот за здравство поставен од СДС и директорката-туристка не го отвараат комплетно подготвениот и опремен оддел за интензивна нега на Детска клиника, веројатно за да го прикажат подоцна како заслуга на СДС? Зошто децата на кои им е најпотребна помош, ги оставаат на немилост? На толку вложени инвестиции од претходната Влада, набавена нова медицинска опрема и сериозно унапредени услови за третман на децата, СДС покажа дека се неспособни да менаџираат и раководат во здравството, истакна Дамчевска.
Таа од граѓаните побара да не дозволат неспособноста на СДСМ и понатаму да резултира со фатален поход и тие да бидат казнети на 15 октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата