Бизнис
3. May 2022 - 16:36

Дали со гасниот терминал во Александропули ќе се намали зависноста од руски гас?

Почист и поевтин енергенс, но и поголема независност на регионот за снабдување со гас се клучните придобивки од гасниот терминал кој денеска почна да се гради во грчкиот Александруполи. Партнери во проектот се Грција, Македонија, Србија и Бугарија.

Земјава веќе има договор за резервација на одреден капацитот во Терминалот, а во тек се и подготовките кои ќе овозможат земјава директно да се вклучи во изгрдбата на гасоводот со што директно ќе биде поврзана со енргетскиот капацитет.

„Обезбедувањето на природен гас како енергенс за компаниите и домаќинствата ќе доведе до намалени трошоци, но и до намалување на загадувањето и заштита на животната средина, односно подобри услови за живот на граѓаните во Северна Македонија. Користењето на нови извори на енергија и замена на јагленот со гас е еден од нашите најважни стратешки интереси.Гасниот терминал во Александруполи е од огромно значење за регионот и од аспект на диверзификација и поголема сигурност во снабдувањето со природен гас со отворањето на овој  дополнителен гасен коридор.Јужниот коридор ја намалува зависноста од досега единствениот канал на доток на гас од Русија“, рече Ковачевски.

Српскиот претседател Вучиќ најави дека ЕУ ќе го финансисра гасното поврзување меѓу Макеоднија и Србија за гасот од Грција да стигне и го нивните потрошувачи.

-Морам да кажам дека верувам дека можеме да направиме многу работи заедно. Сепак, гледам многу пречки на тој пат, а тоа не е само енергетско прашање, туку и храната, водата и многу други тешки предизвици кои ќе треба да ги решиме во иднина, рече Вучиќ.

Бугарскиот премиер Петков рече дека е важно регионот да работи заедно за да ги намали еконосмкиот притисок кој во моментов Кремљ го врши брз Бугарија. А, домаќинот Мицотакис рече дека земјите од регионот ќе имаат клучна улога на новата европска енергетска мапа.

ЕУ го прогласи гасниот терминал во Алексадруполи за проект од посебен интерес, а на денешнат свеченост присуствуваше и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Со овој проект регионот ќе може да се снабдува со гас и од Соединетите Американски Држави, Блискиот Исток и други земји што ќе значи енергетска независност. Енергенсот ќе стига до тука во бродови цистерни и од течна состојба ќе биде претворан во гас.