Технологија
26. July 2016 - 17:29

Дали мобилните телефони навистина привлекуваат громови? Професор ја открива вистината

Поради се почестите наводи дека една од причините која предизвикува удар на гром може да биде и мобилниот телефон, професорот Јован Цветиќ од ЕТФ  изјавил дека тоа не е вистина и дека сигналите кои мобилниот телефон ги праќа се преслаби.
 
- Потребно е премногу труд да се предизвика контролирано празнење на едно место. Мобилниот телефон нема никаква поврзаност со иницирање на атмосферско празнење на едно место. Од научно гледиште би било добро човекот да може да предизвика празнење но тоа не е нажалст изводливо - рекол професорот Цветиќ за ртс.