Македонија
4. May 2018 - 16:15

Дали има подготвеност за парламентарни и претседателски избори во 2019-та?

Можни ли се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските? Додека партиите неофицијално шпекулираат  дека ова е можно, официјално велат услови во коментов нема.

- Опозоциската партија, всусшнот инсистира пред изборите кога и тие да се случат, да се примени пржинскиот модел на Влада. Тоа значи широка коалиција во која опозцијата би добила клучни министерства на 100 дена пред изборите.

Втор услов за евентулани избори и кај ВМРО-ДПМНЕ и кај СДСМ би биле изборните реформи што се во тек. Веќе е усогласено решението за ДИК  времено да се врати стариот модел во кој опозицијата ќе има претседател, а власта мнозинство. Потоа да се оди на професионализација. Копјата се кршат околу изборниот модел.

Китев, вели дека ги чекаат ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за нивниот предлог за една изборна единица. Додава дека без согласноста од најголемата опзицикса партија вели дека реформи во изборното  законодавство не се можни.

 Изборните реформи според планираното во меѓупартиските работни групи треба да завршат најдоцна до септември.

Од коалициската ДУИ не исклучуваат можност за предвремени избори, но велат дека тие сега се сеуште далечни. Од партијата на Ахмети засега не биле расположени и за една изборна единица.