Македонија
14. March 2019 - 16:18

Дали граѓаните ќе можат да имаат увид во трошењата на партиите?

Дали политичките партии треба да даваат отчет за своето финансиско работење на барање на граѓаните? Ова е клучното прашање што се отвори на јавната расправа по повод новиот закон за слободен пристап до информациите. Во законското решение е предвидено политичките партии да бидат носители на информации што значи секој може да поднесе барање за тоа како се финансираат и трошат партиите.

Но од канцеларијата на ОБСЕ пак, дале забелешка дека партиите треба да бидат изземени од овој закон. Наместо тоа велат дека за трошењето на буџетските пари оттчет треба да дава државата.

На ова реагираа од грѓанските здруженија. Според нив, партиите согласно новите прописи годишно добиваат околу пет милиони евра народни пари и затоа секој треба да може да ги праша на што ги трошат овие пари.

Иако владејачкото мнозинство не потврдува извесно е дека со амандман ќе биде прифатена сугестијата на ОБСЕ.

Граѓанските здруженија се пожалија и на спорите и нецелосни одговори од институциите по барањата за пристап до информациите. Анализата на Цебтарот за граѓански комуникации покажала дека на исто поставено прашање во просек општините одговоарале за 23 дена, додека пак министерствата за дури 45 дена. На новинарите им се одговараат замо 37 проценти од барањата. Само половина граѓани добиле одговор за пристап до информации. Најмногу им се одговара на невладините организации.

Со  новиот закон кој треба да биде донесен деновиве се крати рокот за одговор на институциите од 30 на 20 дена. Исто така наместо Комисија за слободен пристап до информациите се формира нова институција Агенција со директор, заменик директор и администрација.

Дополнително, се зголемува список на информации кои институциите мора самостојно, без барање, редовно да ги објавуваат на своите веб-страници, додека пак, се намалуват ситуациите кога една институција може да одибе да одговори.