Дачиќ ја отфрли можноста Косово да стане членка на Советот на Европа
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ја отфрли можноста Косово да стане членка на Советот на Европа.
- Косово не е држава и со тоа не ги исполнува основните услови за да стане членка на Советот на Европа. Косово не ги исполнува основните принципи и стандарди на Советот на Европа во поглед на заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото, изјави Дачиќ, откако косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај најави дека Косово во текот на декември или на почетокот на јануари ќе поднесе барање за прием во Советот на Европа.
Хоџај изјави дека Косово ќе го иницира приемот во декември, или најдоцна во јануари. Според косовскиот портал „Лајм“, Хоџај рекол дека Косово може да стане членка на Советот на Европа во рок од две години, имајќи предвид дека во претстојниот период претседавачи со Советот ќе бидат главно држави кои ја признале независноста на Косово.
- Процесот би подразбирал исполнување на критериуми во областа на владеењето на правото и човековите права, додаде Хоџај.
Одлуката за прием на Косово би требало да ја донесат Комитетот на министри и Парламентарното собрание на Советот.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста