Д-р Петличковски: Третата доза е само едно освежување на имунитетот
Третата доза е поврзана со најмалку несакани ефекти споредено со првите две и е само едно освежување на имунитетот и давање на нови најмалку 6 месеци безбедност, изјави денес во Тема на денот на Сител директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски. Тој појасни дека тие кои веќе примиле две вакцини не треба да стравуваат, стравот останува кај оние кои не примиле ниедна вакцина.
На поставено прашање дали граѓаните мешањето на вакцини треба да ги плаши Петличковски одговори дека апсолутно не треба да се плашат.
-Во голем број студии во кои што се опфатени голем број на испитаници покажуваат дека различните вакцини кога се комбинираат дури и даваат подобар ефект отколку давање трета доза после две истоветни вакцини. Податоците се јасни дека мешањето на вакцини е безбедно и нема простор за страв, рече Петличковски.
Ново на Сител
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка
-
Преглед на вестите од светот
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче