Цветков: Се преземаат мерки за обезбедување доволно огревно дрво

Се преземаат сеопфатни и максимални мерки за обезбедување доволно огревно дрво. ЈП „Македонски шуми“ е задолжено да ги маркира дрвата во приватните шуми и да дава дозвола за сечење, да распише тендер за вработување нови дрвосечачи, а ќе се набават и камиони за транспорт на исеченото огревно дрво.
Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков по денешната работна посета на Свети Николе, одговарајќи на новинарски прашања. Дополнителна мерка е, рече Цветков, и можноста приватните складишта да склучуваат договори со „Македонски шуми“ за сечење дрва, но, не ќе можат да го продаваат дабовото дрво за повеќе од 3.000 денари, а буковото за повеќе од 2.900 денари.
Според министерот, во насока на обезбедување доволно огревно дрво, односно спречување на досегашните нелегални сечи и кражби, се и најновите измени на Законот за шуми донесени пред два до три месеци.
- Се надевам дека со сите овие мерки што ги презема Владата ќе успееме годинава да ги задоволиме потребите на граѓаните за огревно дрво, истакна Цветков.
Владата секоја недела ја разгледува состојбата со огревното дрво, а за оваа цел е формирана и посебна комисија. Нејзините најнови оценки, како што рече министерот, се дека набрзо ќе се санираат сите проблеми во оваа сфера.
Во Македонија годишно се потребни околу 800 илјади метри кубни огревно дрво, но од овие количини, како што рече министерот, незаконската сеча практично одзема 300 илјади метри кубни.
Ново на Сител
-

Гимназијалецот Јордан Ангелески го фати светиот крст и е најсреќен на Водици во Прилеп
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга
-

Честитка од Ѓорѓиевски за Водици: Нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение
-

Крстот во Гостивар го фати Бобан Симјаноски
-

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро
-

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов
-

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026"
-

Во Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крст
