ЦУК: Вкупно 1.359 повици на 112 изминатото деноноќие, мостот на Вардар кај Башино Село затворен за сообраќај
Вкупно 1.359 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 се евидентирани изминатото деноноќие. Пожарникарите гаснеа пожари во урбани и населени места. Не се регистрирани пожари на отворен простор. Кога станува збор за проодност на патишта, мостот на реката Вардар кај Башино Село е затворен за секаков вид сообраќај, се потенцира во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од повиците на 112 изминатите 24 часа, како „реални“ биле категоризирани 54.38 отсто. Останатите 45.62 отсто биле за други потреби на граѓаните, што не се сметале за итни.
- Кон полиција биле упатени 69,64 отсто, кон Итната медицинска помош - 27,53 проценти, а кон пожарникарите - 1,62 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса