ЦУК: Словенија упати барање за помош, Петровска извести дека државата е спремна да испрати 100 припадници на Армијата

Центарот за управување со кризи соопшти дека како контакт точка на Република Северна Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи, односно преку Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи, пристигнато е барање за помош на Словенија.
-Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, извести дека Армијата на Република Северна Македонија е подготвена да испрати 100 армиски припадници, кои по донесување на Одлука на Владата и давање согласност на Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, ќе бидат подготвени да тргнат, а дали и колку точно припадници на Армијата ќе заминат за Словенија ќе се одлучи во координација со Владата на Република Словенија која треба да се изјасни дали ја прифаќа понудената помош и во колкава бројност, информираат од ЦУК.
Од Министерството за одбрана за МИА потврдија дека во Словенија може да се испратат 100 припадници на Армијата, но дека за тоа конечната одлука ќе ја донесе Владата.
До Дирекцијата за заштита и спасување, како контакт точка со ЕУ, преку Координативниот центар за одговор на итни состојби на ЕУ пристигна барање за помош на Словенија со тешка механизација, односно булдожери, багери и слично.
Директорот на ДЗС, Беким Максути, во изјава за МИА, го потврди ова барање на Словенија преку Координативниот центар за одговор на итни состојби на ЕУ и рече дека ќе се постапува согласно одлуката на високите инстанци на државата.
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
