ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни

Вкупно девет пожари на отворен простор се регистрирани до 13 часот денеска, од кои пет се активни, три се под контрола, а еден е изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во Македонски Брод, во местото Видуш кај село Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Студеничани, над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде е зафатена мешана шума; во општина Илинден, во населбата Илинден, каде гори ниска вегетација; во Желино, кај село Чифлик, со зафатена ниска вегетација и мешана шума, како и во Битола, кај село Букри, каде гори ниска вегетација.
Под контрола се пожарите кај градската депонија во Делчево, кај Ново Село на планината Огражден и кај село Зајас во Кичево, каде се зафатени стрниште, борова шума и гуми.
Изгаснат е пожарот во село Врањовце, Општина Врапчиште, каде горела ниска вегетација.
МИА
Ново на Сител
-

АХВ заплени речиси 2 тони небезбедно месо во Радовиш, заплена и на див производител на чварки во Пепелиште | ФОТО
-

Вардар со реми против Мелсунген се прости од Лигата на шампиони
-

Најсвежо утрово на Попова Шапка
-

Болсонаро избега во САД па се прогласи за „лидер на Бразил“
-

Светски ден на мозочниот удар - раното препознавање спасува животи
-

Естонија: Робот за достава предизвика сообраќајна несреќа со автобус и побегна од местото на настанот
-

Судири меѓу демонстранти и полиција во Шпанија по смртоносна железничка несреќа
-

Вучиќ бил подготвен да употреби сила за да ја задржи власта - телефонски повици го натерале да се повлече
