ЦУК: Активни се два пожари, еден под контрола и 21 изгаснати
На територијата во државава има активни два пожари, изгаснати се 21, а под контрола е еден пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Општина Ресен, на планината Галичица и во Општина Чашка, на планина Мукос.
Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина.
Изгаснати се пожарите во Општина Сарај – село Горна Матка, Општина Карпош – село Бардовци. Општина Аеродром – село Горно Лисиче, Општина Гази Баба - кај Студентски дом „Стив Наумов, Општина Илинден, автопат Скопје – Велес, Општина Шуто Оризари - кај Општината, Општина Арачиново – Депонија, Општина Василево – село Доброшинци, Нова маала, Општина Босилово – село Сушица и село Штука. Општина Ресен – село Стење, Општина Прилеп – село Дабница, Општина Тетово - во градот, Општина Брвеница – село Челопек, Општина Гостивар – село Чајле, Општина Врапчиште – село Неготино, Општина Долнени, село Мало Рувци, кај фабриката „Гентерм“, Општина Долнени – село Дебреште, м.в.Дебрешни Ливади, Општина Виница - Виничка Кршла, м.в.Капетанска чука, Општина Липково – село Виштица (стрниште и сува трева), Општина Куманово - населба Средорек и Општина Македонски Брод - м.в.Стојанова населба.
На овие места горела сува трева, ѓубре и депонии.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели