Македонија
19. August 2016 - 16:55

Црвениот крст линеарно ќе ја распредели помошта

Линеарна помош , односно иста парична помош за секое семејство ќе биде распределена за настраданите од катастрофалните поплави, информираа на денешната прес конференција од Црвениот Крст на Македонија.

Генералниот секретар на оваа организација Саит Саити, рече дека  кога ќе се уверат дека е достапен списокот на семејства веднаш Црвениот крст ќе пристапи кон доделување на средствата.

Значи правиме разлика од компензација. Ние даваме помош на населението. Тоа ќе се направи откога ќе бидат достапни списоците од направената проценка за претрпената штета. Мораме да имаме инструмент или момент од кој ќе се тргне за да се направи дистрибуцијата. Не можете во една ситуација кога се уште ние не знаеме колкав е бројот на семејствата кои се погодени од поплавите да вршиме поделба на средствата

28.250 пакети со храна, 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 1.948 конзервирана храна, 17.619 литри млеко, 15.422 литри јогурт, 4.538 пакети со хигиена, 683 бебешки пакети, 265 тони вода, 746 пакети пелени, 556 душеци, 4.392 кебиња, 600 кг.облека, 734 парчиња чизми, 332 литри дезинтал, 98 градежни колични, 126 лопати, 1.036 маски.

Досега се собрани се над 31 милиони денари на сметката на Фондот на солидарност. Преку мобилните оператори со повик на граѓаните се собрани над 13 милиони денари додека вкупно собраните изнесуваат над 44 милиони денари.

Во целата операција на Црвениот крст на Р. Македонија вклучени се 300 лица,волонтери и професионалци. Во функција се двата собирни пунктови во  Момин поток и Н.Н. Борче а, се користат и дополнителни царински складови. Во нив робата се пакува и се испраќа во загрозените подрачја.