Црвениот крст активно им помага на мигрантите
Во периодот од 5 до 12 октомври Црвен крст на Рeпублика Македонија за потребите на мигрантите на граничните премини Табановце и Гевгелија дистрибуираше 24.965 шишиња вода за пиење, 697 пакети со прехрамбени продукти, 129 пакети со хигиенски средства, 175 парчиња пелени за бебиња, 56 пакети за бебиња, 116 кутии млеко за бебиња, 2 580 ќебиња, 236 кутии со бисквити, 72 кутии со двопек, 136 чоколадно млеко, на 7.815 лица им беше укажана прва помош и 19 лица се траспортирани до болница, соопштија денеска од Црвениот крст.
Во соработка со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР), Црвениот крст на двата гранични премини активно вклучен на терен 24 часа со 9 мобилни тима во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.
Во тимовите има 135 лица, се составени од вработени, лекари и пaрамедици, членови и волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца