Црвен аларм во Пекинг поради загадувањето на воздухот

Во Пекинг денеска училиштата се затворени откако властите воведоа црвен аларм поради загадување на воздухот.
Црвениот аларм, највисоко ниво на тревога поради загадувањето, е воведен вчера и во сила ќе биде до четврток.
Во Пекинг е ограничен бројот на возила на улиците и фабриките ја намалија работата.
Според податоците на американската амбасада во Пекинг, денеска измерената количина на штетни честички изнесувала 291 микрограми по кубен метар.
Ова е првпат властите во Пекинг да издадат црвен аларм.
Тревогата е прогласена откако три дена концетрацијата на штетни честички ПМ 2,5 - честички во воздух со пречник од 2,5 микрони, изнесуваше 300 микрограми по кубен метар.
Светската здравствена организација пропиша дозволена концетрација на тие честички до 25 микрограми по кубен метар.
Ново на Сител
-

Викендов ќе се знае дали ќе продолжи намаленото ДДВ на горивата
-

ММФ предупредува: Војната ќе ја зголеми инфлацијата и ќе го забави економскиот раст
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови сведоштва: Стојанче со години ја малтретираше Ивана
-

Одложено судењето за 13 полицајци за кочанската трагедија
-

Владата ќе анализира дали се оправдани најавите за зголемување на цената на лебот
-

Сеидбата на ориз под знак прашалник, производната цена вртоглаво расте
-

Климатските промени негативно влијаат врз земјоделските култури
