Црногорската полиција заплени 20 тони хашиш, уапсени 11 лица
Во заедничка операција на црногорската полиција и Американската агенција за борба против наркотици (ДЕА), минатата недела биле запленети 20 тони хашиш со вредност од 65 милиони евра на црниот пазар, соопшти синоќа висок претставник на црногорската полиција Енис Баковиќ.
Тој прецизираше дека на 2 август, во водите на Италија бил запрен бродот „Ремус“, кој пловел под знамето на Панама, поради сомнение дека криумчарел хашиш, а чиј екипаж бил составен од 11 црногорски државјани, кои се уапсени.
Бродот испловил од малото црногорско пристаниште Зеленика кај Херцег Нови и се упатил кон Мароко, каде се претпоставува ја натоварил дрогата, јави РТЦГ.
Црногорската полиција во соработка со ДЕА го следала бродот при враќањето, а кога им се придружила италијанската полиција, пловилото со 20 тони хашиш било запрено во меѓународните води.
Ново на Сител
-
Затворен за сообраќај патот од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод
-
ЦУК: Активен пожар во Македонски Брод, еден под контрола, 14 изгаснати
-
Албанезе: Нетанјаху негира хуманитарна криза во Газа, ние ќе ја признаеме Палестина
-
ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина
-
Црна Гора побара помош од НАТО за гаснење на пожарот
-
Мицкоски и Алиу во посета на реконструираното болничко одделение на ЈЗУ Клиника за урологија
-
Почнува полагањето државна матура во августовскиот рок, пријавени 1118 ученици
-
Сончево и многу топло, температура до 40 степени