Црн рекорд во БиХ – за еден ден починаа 73 лица
Во Босна и Херцеговина во изминатото деноноќие потврдени се релативно мал број на нови случаи на коронавирус – 726, но во исто време е поставен нов црн рекорд со дури 73 смртни случаи, објавија институтите за јавно здравје
Од вчера, тестирани се нешто повеќе од 2.100 примероци, а инфекцијата е потврдена кај 430 лица од Федерацијата БиХ и во 296 од Република Српска.
Бројот на новозаразени е значително помал од дневниот просек минатата недела, но бројот на тестирани примероци е исто така значително помал, што е вообичаена практика за време на викендите.
Во Федерацијата БиХ регистрирани се вкупно 47 смртни случаи, најголем број за еден ден во ентитетот и 26 во РС.
Вкупниот број на смртни случаи во БиХ од избувнувањето на епидемијата во март сега изнесува 1.972.
Властите во БиХ сè уште не најавија воведување на построги ограничувачки мерки од оние што веќе се во сила на кое било ниво. Во Федерацијата БиХ, забраната за движење во текот на ноќта сè уште важи, со исклучок на лицата кои поради работа не се дома, додека во РС нема такво ограничување.
Ново на Сител
-
СЗО со порака до Трамп: Обезбедуваме клучна заштита за САД од закани
-
Фатен 39-годишен бегалец од затвор
-
Искра Росо од Здружението СОЛЕМ од Скопје меѓу протераните активисти од Белград
-
Мицкоски за случајот „27 април“: Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи
-
Во Велика Британија се повеќе социјално загрозени семејства живеат во пансиони
-
СДСМ: Нема пари за лекови – Владата ќе купува авион
-
Приведен турски државјанин, превезувал мигранти од Египет и Сирија
-
Тешко повредена патничка на ЈСП откако 65-годишник удрил во паркиран автобус