Македонија
9. December 2017 - 12:36

Црквата „Св.великомаченик Ѓорги“ во Кочани одбележува 100 години постоење

Црковниот храм посветен на Свети великомаченик Ѓорги во Кочани денеска ја одбележува 100 годишнината од осветувањето и постоењето.

По тој повод изутринава се одржа свечена утринска златоустова литургија со која чиноначалствуваше митрополиртот Брегалнички г. Иларион во сослужение на свештенослужители од Кочанското архиерејско намесништво и Брегалничката епархија.

Обраќајки им се на присутните митрополитот г. Иларион им ги честита на верниците големите христијански празници Свети Климент и Свети Ѓорги, притоа истакнувајки ја потребата од духовно живеење и сплотеност под закрилата на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

- Денес е голем ден на овој црковен храм, кој ја одбележува 100- годишнината од неговото возобновување на темелите на стар христијански објект. Црквата е градена седум години, а осветена во 1917 година и до денес преставува светилиште за бројните верници од Кочанскиот крај, истакна г. Иларион.

Во чест на јубилејот празнувањата почнаа синоќа со вечерна богослужба на која присуствуваа голем број верници од кочанско и регионот

Ново на Сител