Цивил: Мирен и навремен почеток на изборниот ден, нема поголеми нерегуларности
Мирен и навремен почеток на изборниот ден во 35-те општини каде се спроведува вториот круг од локалните избори бележат набљудувачите на граѓанското здружение Цивил-Центар за слобода.
Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателот на граѓанското здружение Цивил-Центар за слобода, Џабир Дерала, кој рече дека на почетокот на изборниот ден не се бележат поголеми нерегуларности.
- Досега не е забележан проблем со употребата на спрејот за обележување на гласачите или УВ ламбата. Наспроти мирниот и регуларен почеток на изборниот ден, набљудувачите на Цивил доставија пет извештаи за нерегуларности. Во село Трубарево, општина Гази Баба се нотира кршење на изборниот молк и агитирање од изборен штаб на една политичка партија, каде што се врши и евиденција на гласачи, рече Дерала.
Посочи дека од нивните набљудувачи во општина Шуто Оризари имаат извештај за организиран превоз кој го врши поранешен заменик-министер од претходната власт. Превозот, истакна, се вршел со автомобили и со едно комбе, чии регистерски таблички биле забележани.
- Исто така, во Шуто Оризари во училиштето „26 Јули“ се нотираат два случаи на семејно гласање. Во Штип полицаец побарал од акредитиран набљудувач на Цивил да се оддалечи од местото кое се наоѓало надвор од избирачкото место. Иако уредно се претставил и ги покажал сите потребни документи му било кажано да замине од таа локација, рече Дерала и додаде дека во училиштето „26 Јули“ имало фотографирање на гласачкото ливче и лицето било приведено од полицијата.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава