-->
-->
Ципрас бара Шојбле да ја запре перманентната агресивнос кон Грција
-->
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ги предупреди германскиот министер за финнансии Волфганг Шојбле и Меѓународниот монетарен фонд да запрат да си „играат со оган“ при справување со долгот на неговата земја, објавија германските медиуми.
Како што јавидописникот на МИА од Берлин, на состанок на неговата партија Сириза, Ципрас изјави дека е уверен дека ќе се најде решение за грчкиот долг, иако разговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори минатата недела завршија неуспешно.
Ципрас од Атина ја повика канцеларката Ангела Меркел да го охрабри својот министер за финансии да ја запре неговата „постојана агресивност“ кон Грција.
Министерот Шојбле во неколку наврати предходно предупреди дека без учество на ММФ во новата транша за Грција за Германија планот за помош на Грција ќе заврши веднаш. За разлика од ММФ која што бара ново итно простување на грчкиот долг официјален Берлин планира кратењето на грчкиот долг да се случи неколку години по крајот на сегашната програма за помош која завшрува во 2018 година и тоа само ако Владата во Атина успее значително да ги скрати своите трошоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска