Балкан
11. February 2017 - 13:20

Ципрас: 2017 ќе биде клучна година за Европа

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави денеска дека 2017 година ќе биде клучна за Европа и порача дека евроскептичните сили ќе стануваат се посилни се додека е Европа слаба.

Ципрас додаде дека по првпат е „разнишан евро-атлантскиот однос и неговата ориентација“, пренесе грчката агенција АНА.

- Се додека Европа и натаму има слаба волја, немоќна и без сила, евроскептичните сили ќе се зацврстуваат. Нашата земја ќе сврти страница. Кризата припаѓа на минатото, порача Ципрас во воведното обраќање на дводневниот состанок на централниот комитет на Сириза.

Ново на Сител