ЦИА: „Викиликс“ ја загрози безбедноста на САД со објавување на документите

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) соопшти дека Американците треба да бидат загрижени откако „Викиликс“ објави неколку илјади необработени разузнавачки документи, во кои се наведуваат детали како ЦИА ги спроведува своите хакерски активности.
ЦИА не потврди дали документите се украдени. Портпаролкана на агенцијата, Хетер Фрик Хорнијак изјави дека ЦИА нема да ја коментира автентичноста на документите, ниту нивната содржина.
Според Хорнијак, тоа не само што може да ги загрози Американците и агентите на ЦИА, туку можат да бидат искористени тие информации со цел да се загрози националната безбедност на САД.
„Викиликс“ соопшти дека ЦИА „неодамна“ ја загубила контролата врз своите огромни хакерски орудија, како и со поврзаните документи.
Оваа организација нагласи дека објавената архива кружела меѓу хакерите, кои некогаш работеле за американската влада, а некои од нив му дале дел од документите на „Викиликс“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
