Балкан
9. April 2018 - 10:22

Човиќ најавува разговори со Вучиќ за сите отворени прашања

Драган Човиќ хрватски член на Претседателството на БиХ и домаќин на политичкиот и економски собир во Мостар изјави за РТС дека ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ за сите теми што се недовршени и за тоа како  да се зајакне економската соработка.

Во интервју за РТС, Човиќ вели дека очекува многу од средбата во Мостар.

– Голема благодарност до претседателот Вучиќ кој минатата година кога беше овде, прифати Србија да биде земја партнер. Тоа за нас значи многу бидејќи ова е една од најсилните во организациска смисла од број на излагачи до број на држави кои учествуваат, саемска манифестација од општ тип, изјави Човиќ.

– Со голем број излагачи од Србија и од БиХ, не само во економска смисла, врските што ни требаат може најдиректно да се градат со односи и настап на Србија како држава партнер, додаде тој.

Човиќ додава дека ќе се разговара за сите теми што се недовршени меѓу БиХ и Србија.

– Верувам дека и на политички план за нужен континуитет на нашите разговори, прашањето на границата на Србија и БиХ станува стратешко прашање. БиХ треба да го заврши бидејќи тоа многу ќе и помогне исто како и на Србија, истакна Човиќ.

Според него, економската размена може да се подигне евидентно во двете насоки.