Loading Video...
Фудбал
2. November 2021 - 12:24
Четврта рунда во Лигата на шампионите
Возбудувања во Лигата на шампионите продолжуваат денеска и утре, а на програмата се дуелите од 4.коло
Повеќе екипи се во ситуација по оваа четврта рунда да го осигураат своето место во елитното натпреварување и напролет, односно на две кола до крајот на групната фаза да обезбедат пласман во осминафиналето.
Од шеснаесет тима кои денеска ќе настапат во таква ситуација е минхенски Баерн кој има максимални 9 бодови во Е групата на во Минхен ја пречекува Бенфика. Во истата група Барселона гостува во Киев кај Динамо.
Као и Баварците, така и фудбалерите на Јувентус имаат перфектен учинок во Х групата па дури и со „реми“ на гостувањето кај Зенит, италијанскиот тим би бил сигурен осминафиналист. Во вториот меч од оваа група играат Малме и Челзи.
Теоретски осминафиналисти уште вечерва можат да станат и Манчестер Јунајтед и Салцбург, но за тоа да се случи ќе мора да се поклопат и резултатите од останатите два натпревари.
Салцбург во овие моменти го игра мечот нагости протоив Волфсбург во рамките од Г групата во која вечерва играат и Севиља – Лил, додека во рамките од Ф групата, Манчестер Јунајтед гостува кај Аталанта, а Виљареал го пречекува составот на Јанг Бојс.
Останатите осум натпревари од ова 4.коло во сегментот од А до Д групите на програмата се утре.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
