Македонија
2. January 2022 - 19:28

Четворица скопјани истепале двајца тетовци на Попова Шапка

Министерството за внатрешни рабои информираше дека вчера во 13.30 часот во угостителски објект на Попова Шапка, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.Х.(34), С.И.(30), Б.Л.(32) и Д.Д.(25), сите од Скопје, затоа што околу 13.00 часот, пред угостителскиот објект, физички ги нападнале Ж.Н.(49) од с.Брвеница и Ц.Б.(28) од Тетово.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.