Четири општини најавија поддршка од сите аспекти за Здружението на граѓани Албанска академија на науките и уметност
Градоначалниците на четири општини, кои се дел од Коалицијата „Вреди“ денеска во Тетово одржаа нова средба со професори од Здружението на граѓани Албанска академија на науките и уметност со цел, како што велат, да се динамизира институционализацијата на оваа организација. На средбата беа градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир.
По средбата, од Коалицијата „Вреди“ соопштија дека работна средба била на тема годишно финансирање на проекти од суштинско значење за унапредување на интелектуалната и научната мисла на Албанците.
- Ние како Коалиција „Вреди“ ја поддржуваме оваа идеја и проект затоа што цениме дека дојдено е времето Албанците да бидат претставени соодветно и на академско ниво. Сигурно дека го почитуваме ставот на нашиот коалициски партнер околу овој проект, но исто така сакам да подвлечам дека ова е многу понормално од тоа што порано пред десетина години била реакцијата на политиката за вакви слични проекти. Во тој контекст ќе ја кажам и идејата за Тетовскиот универзитет. Ние, како што кажаа и професорите, сме отворени за дебата и политичка во рамки на политичките чинители кај Албанците и со претставниците на политичките партии на Македонците и со сите други општествени научни фактори во државата, затоа што како што кажа професорот овој проект не е против никого. Овој проект е за Албанците да придонесуваат со својот потенцијал во делот на развојот на науката, истакна Биљал Касами, градоначалник на Тетово и претседател на Движење Беса, одговорајќи на новинарски прашања.
Хисен Јашари од Здружението истакна дека пред една година барале кај сите политички партии, но само од Коалицијата „Вреди“ ги прифатиле за разговор. Информира дека бараат општествен дијалог, имаат доставено елаборат од 120 страници до Владата за кој не добиле одговор.
- Бараме академска слобода. Ние функционираме како академија, структурата на луѓето е таква. Ние сме регистрирани како здружение на граѓани, бидејќи тоа ни беше условот за да може да не регистрираат, но структурата, прашањата со кои се занимаваме се академски. Ние функционираме како академија. Во уставот има повеќе работи за академската структура. Нема ни збор за МАНУ. Пишува за академска слобода, научно творештво и работа. Законот за научно истражувачка дејност, МАНУ го става во редот како се основаат факултетите. И ние сме деца на унитарна држава и ние бараме и за нас да има посебен закон, истакна Јашари.
Биљал Касами рече дека како четири општини се договориле да му дадат поддршка на здружението од сите аспекти.
- Ќе го поддржиме како проект и ќе работиме заедно со професорите, тоа да има и формално-правно решение. Како ќе биде јас не сакам тоа сега да го кажам бидејќи треба да биде резултат на една поширока општествено-политичка дебата и да се најде соодветно решение. Тоа што сум рекол дека Албанците се дозреани да бидат претставени на академско ниво, со три универзитети со илјада научници, професори со соодветни научни титули, веќе ние може да кажеме дека сме подготвени да бидеме претставени на тоа ниво. Како ќе биде формално-правно тоа останува на договорот што ќе го постигнеме со коалициските партнери и со сите чинители во оваа држава, рече Касами.
Ново на Сител
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи
-
Семејното насилство станува скоро секојдневие, а службите бараат поголеми мерки за негово спречување
-
Три училишта во Босилово почнаа сами да произведуваат струја
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта