Четири нови случаи со коронавирус денеска во Косово, вкупно 28 заразени
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека денеска во земјата се потврдени четири нови случаи на лица носители на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени во земјата се искачи на 28, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на ИШПК, еден од денешните случаи, оној на 32-годишен маж од село во близина на Урошевац, е „увезен“ од Германија, додека останатите три се заразиле по контакти со лица кои веќе биле носители на вирусот. Станува збор за жени, од кои две од Приштина, на возраст од 50 и 29 години и една 40-годишничка од Ѓаковица.
ИШПК објави и дека, од 8 февруари заклучно со денешниот ден, во нивната лабораторија за молекуларна биологоја, со соодветните методи, се испитани примероците на вкупно 447 лица за кои постоело сомневање дека се заразени со Ковид-19, од кои 28 резултирале позитивни.
Косовските здравствени власти денеска донесоа нови мерки за заштита од епидемијата на смртоносниот вирус, меѓу кои и забрана на посетата на излетничкиот центар Грмија во близина на Приштина и на главниот парк во градот. Освен тоа, на угостителските објекти им е забрането да служат кафе и други топли пијалоци за носење со себе, односно таканаречниот „тејк авеј“, кој досега беше дозволен и покрај претходниот налог за затворање на угостителските објекти.
Премиерот Албин Курти и министерот за здравство Арбен Витиа на прес конференција попладнево предупредија дека наредната недела се очекува да биде критична во поглед на ширењето на заразата и апелираа, посебно кај младата популација, максимално да ги почитуваат препораките на здравстгвените власти и да го ограничат излегувањето од дома и собирањето во групи.
Ново на Сител
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија
-
И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин
-
Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска Вараждин
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново