Македонија
7. јуни 2017 - 13:06

Четири навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 25 години

Секој од нас во еден момент сфаќа колку е краток животот. Летото ни се чини подолго кога сме помлади, а како што созреваме, долго очекуваните топли месеци ни се чинат како еден краток момент во времето.

Многумина се плашат дека еден ден ќе погледнат наназад во животот со каење оти не направиле повеќе, не пропатувале повеќе, оти не... сакале повеќе. За се има време во животот – како за да искусиме некои нешта, така и да се оттргнеме од нив. Еве кои се навиките, коишто треба да ги изживееме пред да наполниме 25 години:

1. Не дозволувајте туѓото мнение да Ве загрижува

Луѓето кои не се задоволни од својот живот, секогаш се трудат да кажат нешто за да ги повредат другите. Не треба да дозволиме туѓото мислење да не повреди. Просто, тоа не ги заслужува нашето време и енергија.

2. Долг и скап шопинг

Може да биде исполнувачк чувството да потрошиме голема сума пари за најнова облека или колекција, но подоцна да се каеме за тоа.

3. Не го одложувајте перењето!

Кога ќе си направиме список со задачи, да започнеме да ги пречкртуваме како завршени, една по една, навреме. Не би сакале на крајот од седмицата се соочиме со фактот дека немаме сработено речиси ништо, или пак, дека нема што да облечеме, бидејќи сета наша облека е во кошницата за валкани алишта.

4. Прво размисли, па кажи

Брзите, спонтани и необмислени реакции речиси никогаш не завршуваат добро. Препорачливо е барем неколку секунди да размислиме, пред да кажеме нешто, за коешто подоцна многу е веројатно да ни биде жал.  си/ссм/13:02