Четири лица загинаа во лавина на француските Алпи
Четири лица загинаа во лавина што вчера попладнето се случи на француските Алпи, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин.
Дарманин рече дека проценката за бројот на жртвите е привремена и оти спасувачките екипи се на лице место.
Локалните власти соопштија дека лавината се случила во Горна Савоа на глечерот Амансет на Алпите и била долга 1.000 метри и широка 100 метри.
Жртвите биле на планинарење кога се случила лавината, а нивниот идентитет сè уште не е утврден.
Метеоролошката служба претходно не издаде предупредување за лавина, што најверојатно се случило поради ветерот и повисоките температури.
На терен се спасувачки екипи составени од жандарми, пожарникари и медицински персонал бидејќи се претпоставува дека покрај четирите жртви има уште девет лица.
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан