Честитка од премиерот Димитриев по повод Св. Кирил и Методиј

Премиерот Емил Димитриев им го честита на граѓаните на Република Македонија 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители.
- Историското наследство и делото кое зад себе го имаат оставено Светите Кирил и Методиј е едно од најзначајните богатства на нашата држава и македонскиот народ. Големината и богатството на еден народ, меѓудругото се состои и во неговиот капацитет да ги збогати и другите народи, односно целата цивилизација, а македонскиот народ ваквата големина ја покажал преку бројни историски личности, а несомнено едни од најзначајните се Светите Браќа Кирил и Методиј, пишува Димитриев во честитката.
Како изумители на глаголицата и како промотори на словенската писменост во многу места во светот, наведува Димитриев, светите Кирил и Методиј се вградија во историското и духовно растење на многу народи во светот, а посебно ја задолжија Македонија од каде и потекнуваат и каде поминале голем дел од нивната просветителска мисија.
- Токму затоа со чествувањето на денешниот празник и искрената почит кон големите браќа Свети Кирил и Методиј, македонската држава задржува силна светлина кон просветителите кои толку конкретно одбележаа една цела епоха во историјата на христијанската цивилизација, а посебно во историјата на Македонија. Наша е гордоста и привилегијата да ги спомнуваме и да празнуваме во нивно име и во нивна чест. Нивното дело да продолжи да ни биде инспирација за да продолжиме да создаваме дела и вредности кои ќе бидат од интерес за сите граѓани на нашата земја, кои ќе ги подобруваат економскиот стандард, условите во образованието, можностите во културата и ќе помогнат во унапредувањето на сите општествени сфери, и кои ќе придонесат за создавање амбиент за личен професионален и приватен развој на секоја индивидуа преку стекнувањето на знаења и вештини кои ги прават луѓето вредносно поконкурентни во секоја област, пишува во честитката на премиерот Димитриев.
Ново на Сител
-

Обезбедувач извлечен жив од подрум на трговски центар осум дена по двата земјотреси во Венецуела
-

Приведени три лица поради подметнат пожар на багер во скопски Чаир
-

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња
-

Бројот на починати од ебола во ДР Конго надмина 400
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
-

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични пријави за насилство за децата и нивните родители
-

Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа
-

39-годишен затвореник пренесен во болница во Штип, го силувал 59-годишник осуденик
