-->
-->
Честитка од МД „Илинден“ по повод 11 Октомври
-->

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и огранокот за Голо Брдо, од името на сите Македонци во Албанија, упати честитка по повод 11 Октомври.
„Во име на Македонско друштво „Илинден“ - Тирана и огранокот за Голо Брдо Ви го честитаме 11-ти Октомври Денот на востанието на Република Македонија, да го почитуваме и славиме овој голем ден,“ се наведува во честитката.
Денеска, се наведува во честитката, да се потсетиме и да им оддадеме достојна почит на оние кои се бореа за слободата, потврдувајќи ја нивната пожртвуваност и патриотизам.
„До сите Македонци каде и да се на земјината топка порачуваме да ја сакаме и почитуваме како светост нашата Македонија“, порачува Македонското друштво „Илинден“, во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Али Халила
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина