Честитка од КОВЗ по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј
Комисијата за односи меѓу верските заедници денеска упати честитка до поглаварот и членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија и до македонскиот народ по повод Денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј.
- Светите Солунски браќа Кирил и Методиј се клучни личности во македонската историја, како и за културниот развој на сите словенски народи. Нивната просветителска улога и света мисија ја зацрта културната и верската карта на целиот свет. Ние сме горди наследници и чувари на нивното завештание-продолжување на нивната света мисија-образованието и ширењето на писменоста, вели во честитката претседателката на Комисијата за односи меѓу верските заедници Валентина Божиновска.
Заложбите на светите браќа Кирил и Методиј, се додава во неа, не биле само за македонскиот јазик, туку и за македонската литература и култура, црква и традиција, револуција и историја, за македонското име и идентитет.
- На прашањето што треба да направиме ние за јазикот, во време на слобода и демократија, во постојна држава, во време на големи предизвици, одговорот треба да биде едноставен - само да го чуваме, негуваме и почитуваме, бидејќи со тоа ја вреднуваме нашата култура и традиција, нашата историја и меморија, го воздигнуваме нашето име и идентитет, одавајќи им на тој начин достојна почит за животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј. Нека е вечна славата на сесловенските просветители Кирил и Методиј и нека е за многу години големиот празник, се вели во честитката по повод Денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј.
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември