Македонија
12. September 2015 - 13:20

Честитка од Комисијата за односи со верски заедници и религозни групи по повод еврејски празник Рош Хашана

Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религозни групи Валентина Божиновска упати честитка до припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија по повод празникот Рош Хашана.

- Рош Хашана традиционално го одбележува почетокот на новата година и претставува почеток на големите празници на молитви за помирување, покајување и простување. Празникот Рош Хашана претставува симбол за еден нов почеток, кога не престануваме да се надеваме во светлата иднина, а кој преку дувањето на Шофарот ги потврдува нашите заложби за мир и конструктивни решенија на проблемите, кога сите заедно се обединуваме во напорите да изградиме нов подобар и поубав свет, се вели во честитката.

Во таа насока, порачува, да продолжиме во негувањето на позитивните вредности кои не обединуваат во нашиот идентичен стремеж за заедничка просперитетна иднина и благосостојба.

Со традиционалниот поздрав Шана Това го честита еврејски празник, посакувајќи им просперитетна и плодна година исполнета со многу љубов и благослови, се наведува во честитката.